Брисел – Мислам дека не е фер Северна Македонија да се става во истиот кош со Србија и Босна и Херцеговина, кога станува збор за напредокот на европскиот пат, изјави за МИА словенечката европратеничка Ирена Јовева.
– Морам да кажам дека Црна Гора и Албанија, а посебно Црна Гора, реално или најреално навистина е најнапред од регионот во однос на реформите и напредокот. Иако не би сакала да испадне дека ја критикувам еврокомесарката Марта Кос или Комисијата, но мислам дека малку не е фер да испадне дека сме, ако така смеам да кажам, во истиот кош со Србија, па и со Босна и Херцеговина, вели Јовева, која има македонско потекло.
Јовева, кој е дел од либералната група „Да ја обновиме Европа“, нагласува дека особено не е фер, ако знаеме што се случува во Босна и Херцеговина, а посебно во Србија.
– Не е до толку дека македонската држава не напредувала, има напредок, но оценката е премногу генерална, премногу општа. Секако, не може да се каже дека Северна Македонија напреднала толку колку и Црна Гора, но заслужува да се каже јасно и гласно дека има напредок, потенцира Јовева.
Според неа, ако Извештајот на Европската комисија за земјава за 2025 годна се чита конкретно, ќе се види дека сепак има таа има постигнато напредок и тоа треба да се потенцира, а не да се вели дека е во ист кош со Србија или Босна и Херцеговина.
– Мислам дека таквиот наратив не в ред и не фер, пред се од страна на Европската комисија и треба јасно и гласно да се каже дека Северна Македонија има напредок. Мислам дека земјата напредува и дека е на добар пат во процесот на пристапување кон Европската Унија, вели Јовева. (6 ноември 2025)
MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.
