by MIA | 29.Јун 2023 | Europe in brief
Пристапниот процес на Северна Македонија треба да биде редовен согласно напишаното на хартија и не треба да има нови условувања, кои се однесуваат на билатералната состојба, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на заедничката прес – конференција со премиерот Димитар Ковачевски, кој е во дводневна официјална посета на Сојузна Република Германија.
by MIA | 26.Јун 2023 | Europe in brief
Нема пречки за пристапување на Северна Македонија во Европската унија, смета високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел
by MIA | 22.Јун 2023 | Europe in brief
Иницијативата Отворен Балкан (ОБ) во областа на културата започна во вторникот во Белград со реализација со гала концерт на Зубин Мехта во присуство на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, по што ќе следи гостување во Тирана и Скопје.
by MIA | 12.Јун 2023 | Europe in brief
Сега треба да се оди кон примена на договореното и јавно кажаното на прес-конференцијата по лидерската средба за уставните измени, а не кон толкување, што некој сакал да каже, бидејќи тоа што беше разговарано беше и кажано, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
by MIA | 01.Јун 2023 | Europe in brief
Стратешка цел на Северна Македонија е полноправното членство во ЕУ до 2030 година. Скрининг процесот треба да заврши многу скоро, и ни претстојат политички одлуки со кои ќе се овозможи отворање на кластерите и поглавјата, истакна премиерот Димитар Ковачевски по пристигнувањето во Кишињев каде придружуван од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, ќе учествува на вториот Самит на Европската политичка заедница.