by MIA | 20.Мар 2024 | Europe in brief
Резолуцијата е уште една демонстрација за силната поддршка од САД за евроинтегративниот процес на Северна Македонија и доказ за силното сојузништво меѓу двете земји во исполнувањето на споделената стратешка цел – нашето членство во ЕУ. Тоа е и на линија на нашите заеднички заложби во рамки на Стратешкиот дијалог со САД, што го лансиравме со државниот секретар Блинкен во јуни 2022 година, истакна Османи.
by MIA | 19.Мар 2024 | Europe in brief
Тој нагласува дека Партијата на европската левица (ПЕЛ) е во постојан контакт со сите левичарски сили од земјите од Западниот Балкан, кои, според него, може да одиграат конструктивна улога во исполнување на условите утврдени во Копенхашките критериуми.
by MIA | 18.Мар 2024 | Europe in brief
Влеговме во НАТО и започнавме преговори со ЕУ после 17 години чекање. Но, бидете сигурни дека нема лесни решенија за системските проблеми во нашата земја. Затоа на државата и на граѓаните им е е потребна Европската Унија! На сите нам ни е потребна Европската Унија, рече Ковачевски.
by MIA | 18.Мар 2024 | Key Stories
Фронтекс, агенцијата за гранична и крајбрежна стража на ЕУ, во последно време постојано е мета на критики и обвиненија дека помага во противзаконското враќање мигранти и употреба на прекумерна сила против нив. Трагедијата на бродот Адријана во 2023 г. кај грчкото крајбрежје ја поттикна народната правобранителка на ЕУ Емили О’Рајли да спроведе истрага, чиишто резултати – и критики – ги соопшти кон крајот на февруари.
by MIA | 15.Мар 2024 | Europe in brief
Ескобар во средата порача дека Северна Македонија е многу солиден партнер на САД, како билатерално, така и мултилатерално во НАТО и ОБСЕ и Вашингтон очекува и по изборите земјата да добие влада посветена на членството во Алијансата и на интегрирањето во ЕУ.