Грковска: Не смееме да отстапиме пред ретроградните сили во заштитата на правата и борбата за поправедни општества
Позитивните културни промени се далеку побавни од оние во законодавството и демократските процеси. Затоа е сосема е јасно дека не смееме да отстапиме кога се во прашање заштитата на правата и борбата за пофер и поправедни општества. Тоа значи елиминација на насилството врз жените, пристап до образование и работа и еднаков третман од системот и општеството, но исто така и застапеност во раководењето, претставувањето и носењето одлуки, потенцира Грковска.