Скопје – Поврзување на Скопје со Прага, соработка меѓу двата аеродроми и воведување нови авиолинии, биле тема на разговорите меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и претседателот на Бордот на директори на прашкиот aеродром „Вацлав Хавел“, Јири Пос во Прага.
Како што соопштија од Министерството за транспорт, вицепремиерот Николоски потенцира дека Владата е максимално посветена на поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во земјава и дека се спроведуваат политики на воспоставување на широка мрежа на линии низ Европа и светот.
– На средбата се отвори и прашањето за соработка меѓу аеродромот во Прага и Меѓународниот аеродром Скопје, како и можноста за воспоставување на нова линија меѓу Скопје и Прага, имајќи ги предвид добрите билатерaлни односи меѓу двете земји и потребата од поблиска комуникација меѓу двата народи, се наведува во соопштението.
Вицепремиерот Николоски на средбата ги истакна и потенцијалите на аеродромот во Охрид и туристичката понуда што ја овозможува Охридско-струшкиот регион, како предност за воспоставување на нова авиолинија до Охрид. Притоа била разгледана и можноста за воспоставување на нова авиолинија Охрид – Карлови Вари.
Во рамки на работната посета на Прага, вицепремиерот Николоски оствари средба и со претставници на автомобилската компанија „Шкода“ на која се разговарало за идна сорботка. Николоски беше во работна посета на Чешка, каде учествуваше на пленарната сесија на Заедничкиот комитет за економска соработка меѓу Северна Македонија и Чешката Република. (10 март)
MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.