Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Скопјe – Неколку западноевропски држави понудиле подолгорочна рехабилитација на потешкo повредени пациенти во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, соопшти денеска министерот за здравство на Северна Македонија, Арбен Таравари.

Тој рече дека од овие земји членки на ЕУ веќе била изразена подготвеност за „подолгорочна и попрофесионална рехабилитација“ за оние пациенти на кои ќе им биде потребна.

– Во следните денови ќе известиме и каде може да бидат сместени тие пациенти, доколку има потреба за подолготрајна рехабилитација. Од тие потешко повредените, сигурно некои ќе имаат и таква потреба, рече Таравари.

Тој информираше дека од вкупно 115-те повредени лица кои се лекуваат во странство, во критична состојба остануваат четири до пет пациенти.

– За жал, четири-пет пациенти се во посериозна состојба, некаде има и влошување, меѓутоа нашите колеги во болниците каде овие пациенти се лекуваат се обидуваат да дадат максимум од себе за да го поминат овој тежок период, појасни Таравари. (25 март 2025)

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.