Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Скопје – Потребите и капацитетите на Општина Велес за искористување на средствата од европските фондови во реализација на проекти од интерес за граѓаните, беа главна тема на денешната средба на заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков со велешкиот градоначалник Марко Колев.

– Со цел рационално менаџирање на европските фондови, заменик-министерката за европски прашања Трајков ја потенцираше подготвеноста на Министерството да помогне во делот на дообучување на кадарите, како и помош при аплицирањето на истите, а се со цел поголема искористеност на средствата од ИПА и ИПАРД програмите, соопшти Министерството  за европски прашања.

Градоначалникот Колев на средбата ги презентирал проектите поддржани од ЕУ, со особен акцент на реализираната изградба и уредување на кејот на десната страна од реката Вардар во Велес, како дел од европскиот проект „Креативни можности во туризмот” во рамките на прекугранична соработка на нашата држава со Грција, чија цел е развој на локалната економија. 

Колев ја посочил важноста на поддршката на ЕУ во реализацијата на проектите со кои се подобрува животот на граѓаните, за што се надева на поддршката и на Министерството за европски прашања во реализацијата на инфраструктурните проекти за велешани. 

На средбата биле прецизирани и конкретни чекори во насока на подобрување на капацитетите на општината за поголемо искористување на средствата од европските фондови кои се на располагање. (1 април 2025) 

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.