Скопје – Го добивме договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“ и сме во фаза на негова анализа. Поброен тим ќе работиме на овој предмет, а веќе им се поделени задачите на советниците, изјави денеска претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.
Таа повтори дека имаат неколку советници од кои дел се вклучени во делот за јавни набавки, за работни односи, некој е вклучен како истражител, а некој прави анализа на законите што треба да се донесат.
Се е опфатено што е поврзано со овој предмет, верувајте бара малку повеќе работа и анализа, и ние сакаме што побрзо да завршиме и да си кажеме. Не можам да кажам точно датум кога ќе биде заради тоа што е неблагодарно да се кажува, ќе речете кажавте, а не сте завршиле, работиме на тоа со полна пареа. Веднаш штом биде се готово ќе излеземе и ќе кажеме, рече Ивановска. (22 мај)
Маричиќ: Граѓаните сакаат европерспектива и за нив единствената опција сè уште е ЕУ
Скопје – Граѓаните сакаат европска перспектива и за нив единствената опција сè уште е Европската унија, вели вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Според него, долгогодишната политика на сеење страв која што ја практикува опозицијата е причината што граѓаните во моментов се против промена на Уставот.
Сеење страв и поигрување со националните чувства на граѓаните од страна на опозицијата дека ќе ни се одземе идентитетот, дека ќе има бугаризација, федерализација, кантонизација или дека јазикот ќе ни биде одземен само штетат на државата и граѓаните, истакнува вицепремиерот Маричиќ.
Тој потенцира дека освен патот кон Европската унија, државава нема друга алтернатива и политичарите се должни да ги реализираат стратешките интереси.
Европарламент повикува на национален консензус за евроинтеграциите со цел исполнување на целта – подготвеност за членство до 2030
Стразбур, 21 мај 2023 (МИА) – Европскиот парламент го објави Извештајот на бугарскиот европратеник Илхан Ќучук за Северна Македонија, изработен по извештајот на Европската комисија, во кој се поздравува континуираната посветеност на земјата за интеграција во ЕУ, а истовремено се повикува на смиреност, достоинство и зрелост во билатералните односи.
Во резолуцијата се споменува 2030 година како датум кога земјата би требало да ги исполни условите за членство во ЕУ. За резолуцијата се поднесени 320 амандмани, за кои идната седмица ќе расправа Комисијата за надворешни работи на ЕП.
Во Нацрт-резолуцијата се нагласува дека проширувањето е геостратешка инвестиција во долгорочен мир, а земјата се етаблира како сигурен партнер и спроведе трајни реформи на патот кон ЕУ. ЕП го поздравува целосното усогласување на земјата со надворешната и безбедносната политика на ЕУ. (21 мај)
Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ мора да одлучи дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица
Скопје – ВМРО-ДПМНЕ ќе мора брзо да одлучи дали ќе го фати последниот воз и ќе се приклучат на проевропскиот блок кој неминовно носи одлуки за приклучување на Северна Македонија во ЕУ или ќе остане во заложништво на Левица. Многу, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Во тој контекст и високиот претставник на САД, Ексобар упати јасна порака. Опозицијата не треба да ми даде на мене поддршка. Треба да ја поддржи европската иднина на нашите
граѓани, а нашите граѓани сакат да живеат во ЕУ ама да живеат тука – дома во Северна Македонија земја членка на ЕУ, рече Ковачевски.
Нашата цел, рече Ковачевски, е полноправно членство во ЕУ до 2030 година и во оваа цел не поддржуваат и нашите стратешки партнери. (19 мај)
Оваа компилација претставува избор на уредникот од вестите на МИА поиврзани со Европа. МИА е одговорна за уредувањето за оваа публикација. Се објавува секој понеделник и четврток.