Скопје – Мојот личен став и мислам дека тоа е и ставот на Брисел е дека договорот што го постигнавте со Бугарија беше најдобриот договор што можеше да се склучи во тие услови, вели во интервју за МИА амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија Дејвид Гир.
-Морам да кажам дека ги следев дискусиите кои се одвиваа од октомври 2020 година до јули 2022 година кога се склучи договорот. Ги следев внимателно и тие беа навистина тешки дискусии со многу различни барања, некои од нив беа напуштени, но сепак тоа беше навистина тешка дискусија, рече Гир.
На прашање на МИА дали е остварливо подобра преговарачка рамка и гаранции од Унијата дека Софија нема да стави нови блокади на европскиот пат, Гир вели дека договорот значи компромис, а во компромисот никој не е целосно среќен. (15 јули)
Продолжува дипломатската офанзива за уставни измени, во Скопје министри за Европа на Германија, Франција и Полска
Скопје – По тројката шефови на дипломатии на Австрија, Чешка и Словачка, кои минатата недела беа во Скопје, за да лобираат за уставни измени, денеска во земјава се министрите за Европа на Германија, Франција и Полска. Министерката за Европа на Сојузна Република Германија Ана Лирман, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоренс Бун и Шимон Шинковски вел Сенк, министер за ЕУ на Република Полска, познати како „Вајмарска тројка“, денеска се во посета на Скопје, чиј домаќин ќе биде вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Како што информира СЕП, денеска Маричиќ ќе одржи работен состанок со „Вајмарската тројка“, а тема на разговор ќе бидат преговорите со ЕУ, со фокус на исполнувањето на обврските и задачите кои произлегуваат од преговарачката рамка и забрзувањето на евроинтеграцискиот процес, по што ќе имаат заедничка прес-конференција.
Во рамки на посетата „Вајмарската тројка“ ќе се сретне и со премиерот Димитар Ковачевски, со претседателот Стево Пендаровски и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со координаторите на пратеничките групи. (17 јули)
Ковачевски и Брнабиќ: Иднината на Отворен Балкан е светла
Куманово – Иднината на иницијативата Отворен Балкан е светла, со тени и идни проекти важни за критиките и стопанството во Србија, изјавија премиерите на Македонија, Димитар Кочевски на и Ана Брнабиќ, одговарајќи на новинарски прашања за можности за проширување и идни проекти во рамки на иницијативата. , денеска кај Прешево во близина на македонската граница.
Ние сме биле единствени држави кои немале граници, а сега сме единствено во Европа меѓу кои постојат граници. И крајната цел и моја лична заложба и цел е Балканот да биде без граници. Ако прашувате за иднината на Отворен Балкан има светла иднина, бидејќи еден ден сите овие држави ќе бидат дел од ЕУ и финалето на Отворен Балкан ќе биде церемонија на која нема да промовираме М-тагови туку на крај ќе промовираме отстранување на границите и оние рампи кои нè одделуваат од двете страни на границата, кажа премиерот Ковачевски.(16 јули)
Оваа компилација претставува избор на уредникот од вестите на МИА поиврзани со Европа. МИА е одговорна за уредувањето за оваа публикација. Се објавува секој понеделник и четврток.