Скопје – Транспареност, отчетност и интегритет се клучни за работењето на полицијата, а освен тоа неопходна е и оперативна независност. Интегритетот на полициските службеници е значаен аспект во обезбедување поддршка од јавноста, а таа се зајакнува преку долично постапување на полицијата кон граѓаните, а се препорачува МВР да ги следи препораките на ЕУ за јакнење на механизмите за полициско постапување со интегритет, обезбедувајќи транспарентност во работењето. Да се заштити постапката за прием на нови полициски службеници што ќе гарантира дека ќе бидат вклучени најквалитетните кандидати кои ги поминале предвидените критериуми на селекција. Потребно е да се следи и унапредува тестот за интегритет и да се оцени дали постојаното решение ги исполнува потребите заради кои е воведен тестот.
Ова се клучните препораки на Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија (НКЕУ-МК) од 14. сесија на Работната група 4 „Правда, слободи и безбедност“ (Поглавје 24) на тема „Преку професионалност и интегритет до транспарентност и отчетност во полициското работење“.
Професорот на Факултетот за безбедност УКЛО – Битола и експерт на НКЕУ-МК, Трпе Стојановски, посочи дека полицијата мора да биде свесна дека таа постои заради граѓаните, и основните надлежности на полицијата се да обезбеди јавен ред и мир, поредок, безбедност и заштита на имотот на граѓаните и сервисната функција што е извонредно важна за полицијата.
Од Бернер Малме, од Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал, кој работи во областа на полициските реформи на Западен Балкан во последните 8 до 10 години, во однос на професионализмот во полицијата, истакна дека раководството мора да биде посветено на сите аспекти на професионализам, транспарентност и отченост.
– Во Северна Македонија навлегуваме во едно ново поглавје, има нова Влада, и слушав дека и тие ја продолжуваат истата практика како и претходно, со тоа што уназадуваат некои од претходните позиции, а други ги унаредуваат, и тоа не е добро ако одиме врз професионалните станарди засновани врз заслуги, рече Малме. Нагласи дека транспаренноста е суштинско прашање во работењето на полицијата, а тука е и отчетноста.
Јавниот обвинител Наум Паноски истакна дека Јавното обвинителство има сериозна и голема улога во јакнењето и враќањето на полицискиот интегритет, особено во делот кога веќе е формирано посебно одделение во рамките на ЈО, односно во рамките на ЈО за гонење организиран криминал и корупција за гонење на полициски службеници како сторители на кривични дела.
-Во последните години откога постои ова одделение навистина имаме сериозни предмети, имаме доста усогласена веќе практика за вакви кривични дела и ако се погледне законот јасно е дефинирано за кои кривични дела може да гони ова одделение, односно јавните обвинители од ова одделение и таму е направена дистинкција за кривични дела сторени од полициски службеници во рамките на нивното професионално постапување народски кажано во работно време и надвор од самото работно време, рече Паноски.
Марк Диксон, раководител на Одделот за јавна безбедност и контакт со заедницата во ОБСЕ, го нагласи значењто на јавната служба на полицијата во нашите општества.
-Интегритетот на полицијата значи да се направи правилното нешто за колективното добро, а не за лични цели. Има потреба од полициски надѕор, но уште поважно е што ова лежи врз основите на граѓанскиот надѕор. Насекаде низ светот секое демократско општество и дава уникатна моќ на полицијата легитимна дозвола да употреби сила и полицијата има овлатстување да ги одложи основните човекови слободи, при што може да прекрши и други темелни права, рече Диксон. (8 јули)
MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.