Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Скопје – Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски изјави дека германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок на нивната неодамнешна средба во Берлин покрај посочувањето на уставните промени,  кои во моментот ни се поставени како услов за продолжување на евроинтегративниот процес, таа никаде не отфрлила можност за дијалог за инициативи, бидејќи и духот на еворпските врендости е меѓусебе да комуницираме, да дискутираме и сите да сме сигурни дека стратешки сме усогласени за истиот правец.

– Не сакам да се внесам во дијалог што точно кажала министерката. Таа кажа дека во моментот едногласноста е правило коешто јавно кажа – Германија сака да го промени во делот на проширувањето. И Германија има и активна иницијатива да го промени во делот на проширувањето коешто ја поддржуваат и повеќе земји членки. Министерката, исто така, кажа дека во моментот како услов ни е поставен процесот на уставни промени, но истовремено, барем јас што следев, никаде не отфрли можност за дијалог за иницијативи бидејќи и духот на еворпските вредности е меѓусебе да комуницираме, да дискутираме и сите да сме сигурни дека стратешки сме усогласени за истиот правец. Јас тоа навистина го ценам што една голема земја членка како Гермнија би рекол, прати една силна порака, рече Муцунски.

За тоа кога ќе се случат уставни измени и дали ќе се случат, вели, конечен одговор на тоа прашање ќе го дадат две третини од пратениците и оти постојното владејачкото мнозинство има скоро две третини од 120 пратеници. – Јас тоа во моменот не би можел конкретно да ви го одговорам. Но тоа што можам да ви го кажам е дека прво ние како Влада имаме свест дека уставните измени се услов за отпочнување на преговорите. Да не биде дека министерката во Германија зборува едно, а ние зборуваме друго. Сите сме свесни дека тоа е услов, многу погрешно поставен, но таков е условот во моментот, вели Муцунски.

Според него, сакаме напред по европскиот пат, но сакаме и пристап којшто не штити нас, а ја штити и ЕУ. Прашан дали ние ќе чекаме ЕУ да го смени принципот на одлулување со едногласност за да го продолжиме евроинтегративниот пат и кои се плановите на Владата доколку по изборите не се формира влада во Бугарија и нема релевантен партнер за разговор таму, Муцунски вели државата нема време за чекање и мора да има отворен дијалог. (21 октомври)

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.