Скопје – Австрискиот европратеник Томас Вајц е именуван за нов известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија.
Вајц доаѓа од групата на Зелените во ЕП и е член на австриската партија Зелени – Зелена Алтернатива (ДГ)
Во февруари 2017 година, Вајц беше номиниран за член на Одборот на Европската зелена партија и на оваа функција беше избран во март на Конгресот на Глобалните Зелени и Европските Зелени во Ливерпул. На оваа позиција тој е одговорен, меѓудругото, за соработка со Зелените партии во Чешка, Словенија, Полска, Унгарија и Албанија и го поддржува развојот на зелени партии во Северна Македонија, Хрватска, Црна Гора и Србија. Во јуни 2022 година тој беше реизбран на 35-от Совет на Европската зелена партија за нејзин копретседавач заедно со француската сенаторка Мелани Вогел од француската Европска екологија – Зелени.
На неговиот профил на социјалната мрежа Икс, меѓудругото, пишува дека се залага за проширување на ЕУ, со фокус на Западниот Балкан. (22 октомври)
MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.