Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави за време на посетата во Албанија дека студентите на Кампусот на Колеџот на Европа во Тирана ќе бидат водачите на денешна и иднина Европа.
Дер Лајен учествуваше на церемонијата на отворањето на академската година на Кампусот на Колеџот на Европа во Тирана, каде присуствуваше и албанскиот премиер Еди Рама.
Претходно, тие имаа билатерална средба и изјава за медиите во која Дер Лајен ја поздрави Албанија за напредокот и говореше за напредокот на преговорите.
“Минатата недела заедно го отворивме груп-чаптерот на основни прашања и разменивме дека ако направиме многу добра работа тогаш сите груп-чаптери можат да бидат отворени до крајот на следната година”, рече таа.
Додека зборуваше на церемонијата за почетокот на новата академска година, таа посочи дека Колиџот на Европа е многу повеќе од обичен универзитет.
“Ова беше една од тие први тули на европската интеграција, пред јагленот и челикот, сѐ започна со еден колеџ”, изјави фон дер Лајен.
Фон дер Лајен изјави дека европското семејство се подготвува да се прошири.
“Сме во историски момент, бидејќи нашето семејство се подготвува за своето обединување, обединување во кое ќе се обединат сите народи кои живеат помеѓу Црното Море и Јадранот”, изјави таа.
Албанија ќе добие над 920 милиони евра од планот за раст.
Од своја страна, албанскиот премиер, Еди Рама нагласи дека Албанија нема никаков “план Б”, освен пристапувањето во Европската Унија.
Рама нагласи дека “понекогаш демократијата се чини како да не функционира добро, но заради тоа да се оди против ЕУ, со претпоставувајќи и предвидувајќи едно идно утре надвор од ЕУ е просто безсмислено”.
“Сѐ што ве лути или ве прави неодлучни или разочарани во однос на ЕУ треба да служи не за да се борите или да се приклучите на битките против ЕУ, туку да служи за да се борите наназад за да имаме подобра ЕУ”, им се обрати Рама на студентите на Колиџот на Европа во Тирана. (24 октомври)