Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Тетово – Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска во Тетово изјави дека уставните измени ќе почнат да се реализираат во моментот кога ќе се добие сигурност како ќе изгледа крајот на тој процес.

– Во јавните настапи на меѓународните претставници и во извештајот на Европската комисија стои обврската за уставните измени како услов за почнување на преговорите. Јас и премиерот Мицкоски во неколку наврати јасно сме кажале дека ништо не е спорно во суштината на уставните измени, меѓутоа ние сакаме да бидеме сигурни дека уставните измени нема само да го отворат процесот на преговори, туку дека тој процес ќе има крај. Во моментот кога ние ќе видиме дека процесот е обезбеден, уставните измени може да почнат да се имплементираат, изјави Орхан Муртезани. (4 ноември)

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.