Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Софија – Поранешниот бугарски премиер и лидер партијата ГЕРБ, Бојко Борисов изјави дека вчера разговарал со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта за состојбата на државата на меѓународен план, но и за случувањата во врска со соседна Република Северна Македонија, пренесе БТА.

– Од разговорот (со Кошта) разбрав дека во текот на овие години имаше многу процеси за Северна Македонија во Брисел, во нашите партнерски земји во НАТО, без учество на Бугарија, и се изгуби многу време. Едноставно бев изненаден од објаснувањата што требаше да ги дадам. Мораме да формираме влада и да застанеме многу цврсто на својот став, изјави Борисов пред новинарите во бугарскиот парламентот. 

Тој додаде дека денеска ќе оди во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан и оти Бугарија треба да повторно да си ја зајакне позицијата во регионот.

-Влијанието на Србија, Грција и Турција е огромно. Унгарија сè помоќно е вклучена во овој процес, а ние како лидери на Балканот сега само ги набљудуваме процесите и не не чека ништо добро. Бугарија може и треба да се врати и да застане таму каде што беше пред четири години, рече Борисов.

Во врска со најавената посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Бугарија, Борисов истакна дека му е мило што Орбан доаѓа во Софија и ќе може да се види со него. (18 декември) 

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.