Скопје – ЕУ се повеќе покажува разбирање за нашите позиции и Брисел престанува да користи реторика од типот „земи или остави“, изјави заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков во гостуваше на телевизијата ТВ Стар.
Во интервјуто, Трајков ги истакна новите моменти во односите со Европската Унија, нашите аргументи во процесот на преговори, како и реалноста на билатерализацијата која го успорува напредокот на земјите од Западниот Балкан.
Дополнително, таа нагласи дека е потребно трајно и праведно решение кое ќе го обезбеди нашиот напредок, наместо преодни решенија кои би довеле до нови пречки.
– Македонија сака да биде дел од ЕУ како горда, а не понижена членка. Идентитетот е лично чувство за кое не се преговара, изјави Трајков. Таа повика на поддршка и конкретни чекори од ЕУ, со цел да се надмине евроскептицизмот и да се зајакнат односите со Унијата. (24 декември)
MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.