Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Скопје, 25 јануари 2023 (МИА) – Одговорноста паѓа на премиерот Димитар Ковачевски дали ќе ги почитува основните постулати на оваа држава, ќе води сметка за националните, државни и стратешки интереси. Тоа значи дека Владата мора да води сметка за сите аспекти вклучително дали е можно да се нарушат меѓуетничките односи кои засега се добри.

Ова го истакна претседателот на Демократскиот сојуз (ДС) и пратеник, Павле Трајанов во интервју за МИА. Во однос на најавата за владина реконструкција со влез на Алијансата на Албанците во Владата и а тоа кои партии треба да отстапат министерски места, Трајанов вели дека ДС не е оптоварен со тоа кој ќе биде носител на јавна функција, туку дека треба да се почитуваат принципите претворени во уставни решенија, но проблемот е во тоа што оние кои по воениот конфликт во 2001 години преку Охридскиот договор издејствува правична застапеност, сега не го почитуваат тоа решение.

Антоновски: МИА како носечки чинител во медиумскиот простор мора да има стабилност, развој и институционална независност

Скопје, 25 јануари 2023 (МИА) – Директорот на МИА, Драган Антоновски на презентацијата на проектот „ЕУ за слободата на изразување: Усогласување на националното законодавство за медиуми со правото на ЕУ и европските медиумски стандарди”, изрази забелешка дека Агенцијата во оваа фаза воопшто не е ставена во фокус на реформите и усогласувањата со стандардите на ЕУ, потенцирајќи дека МИА е сериозен и носечки чинител во медиумската заедница и простор.

Тој истакна дека сите посочени проблеми и медиумските провокации, изнесени на настанот ја засегнуваат и МИА, особено во делот независноста и одржливост, односно самостојно располагање со буџетот, што ќе овозможи непречен медиумски развој. Антоновски побара МИА да биде вклучена во овие процеси и додаде дека Агенцијата поддршка досега добила од ОБСЕ и ЗНМ, кои ќе учествуваат во процесот на дебата за носење закон за МИА.

Северна Македонија ќе загуби пристап до Креативна Европа, ако до 31 мај не се усогласи со Директивата на ЕУ за аудиовизуелни медиумски услуги

Скопје, 25 јануари 2023 (МИА) – Доколку до 31 мај не се постигне усогласување на националното законодавство со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги на ЕУ, Северна Македонија ќе изгуби пристап до програмата Креативна Европа.

Ова беше порачано на презентацијата на проектот „ЕУ за слободата на изразување: усогласување на националното законодавство за медиуми со правото на ЕУ и европските медиумски стандарди”, во организација на Делегацијата на ЕУ во Скопје, на која учествуваа сите релевантни чинители во процесот на усогласување на медиумската регулатива со таа на ЕУ. Заклучокот беше дека до крајот на април или почетокот на мај ќе се излезе со конечниот нацрт-закон, на што ќе претходат јавни расправи за изнаоѓање најдобри решенија за медиумското работење, согласно европските стандарди.

Провокации во насока да се нарушат добрососедските односи меѓу Скопје и Софија

Скопје, 26 јануари 2023 (МИА) – Бугарија вчера го повлече нејзиниот амбасадор од Северна Македонија и најави можно запирање на меѓувладините проекти откако во Комисијата за надворешни работи беа сослушани техничкиот министер за надворешни работи Николај Милков и бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов по нападот на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид. Од македонското Министерство за надворешни работи најавија дека во текот на денот ќе излезат со став околу повлекувањето на бугарскиот амбасадор.

Претходно, владини претставници во земјава во изјави за медиумите го осудија секој вид на насилство, провокации и нарушување на односите со источниот сосед. Пораки дека соработката и меѓусебната почит како модели за успех подеднакво се нужни и за земјите членки на ЕУ и за земјите кои се на пат да станат членки на ЕУ упатија и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и бугарскиот европратеник Илхан Кучуќ.

Оваа компилација претставува избор на уредникот од вестите на МИА поиврзани со Европа. МИА е одговорна за уредувањето за оваа публикација. Се објавува секој понеделник и четврток.