Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Скопје – Рапишан е конкурс за аплицирање за шестото издание на Наградата на Европската Унија за интеграција на Ромите во Западен Балкан и Турција. Ова издание е посветено на позитивните постигнувања за вклучувањето на Ромите во секторот образование, се наведува во денешното соопштение до јавноста.

– Интеграцијата на Ромите е клучен приоритет во процесот на проширување на ЕУ, а Европската комисија е посветена на поддршка и признавање на работата на актери од ромската и не-ромската заедница – јавни институции, приватни компании и граѓански организации, во оваа област. Наградата на ЕУ за ромска интеграција во Западен Балкан и Турција има за цел да ја зајакне политичката посветеност и да ја поддржи интеграцијата на Ромите во регионот. Таа ги препознава иницијативите што значително ги подобриле животите на Ромите и што можат да бидат реплицирани во иднина, се појаснува во соопштението.

Шестото издание на наградата ќе ги признае иницијативите што постигнале значаен напредок, конкретни одржливи резултати и позитивни промени во секторот на образование -предучилишно, основно и средно ниво.

Наградата е финансирана од Европската Унија и имплементирана од Roma active Albania. Краен рок за аплицирање – 28 февруари 2025 година. Добитниците на наградите кои ги исполнуваат условите за финансиска поддршка, ќе добијат парична награда од 7.500 евра за прва и 4.500 евра за втора награда. Сите наградени ќе добијат студиска посета на Брисел и статуата како симбол на признанието доделено од страна на DG NEAR. (25 февруари)

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.