Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Скопје – Навистина постои неопходност за ставање крај на конфликтот во Украина, но има и поважна тема, а тоа е вредноста која што денес ја даваме во Европа на територијалниот интегритет, почитувањето на сувереноста империјализмот на еден сосед во однос на друг сосед, до тој степен што се негира неговото постоење, идентитет, и јазик, што бара единствен европски одговор, изјави денеска францускиот амбасадор во Северна Македонија, Кристоф Ле Риголер.

Тој во одговор на новинарско прашање за тоа дали „позицонирањето на земјава за резолуциите на ОН може да се одрази на евроинтегративен пат“, изјави дека одлуката на земјава во однос на гласањето за резолуциите за Украина во Обединетите нации била неочекувана.

– Целта на европската дипломатија денес, целта на секој од нас, е да се има ист заеднички пристап кој ќе обезбеди безбедност на континентот во наредните години, наредените децени за нас и нашите деца, рече абасадорот Ле Риголер на прес-конференцијата по повод презентација на Програмата за овогодишното одбележување на Франкофонијата.  

Запрашан за оценка на актуелните случувања во правосудството во земјата во однос на предлогот за разрешување на државниот обвинител и за интерпелација на членовите на Судскиот совет, Ле Риголер рече дека ЕУ и земјите членки ги поддржуваат реформите во судството, затоа што независноста на судството е едно од најважните прашања за пристапувањето во Унијата.

– Знаете тоа е прашање од областа на внатрешната политика, не е наше да коментираме. И сепак ќе кажам дека темата за независноста на судството не е никаква тајна, тоа се клучни капитални прашања коишто се најважни за влез во ЕУ, прашања кои што се важни на Унијата и тоа го повторува постојано, рече Ле Риголер.

Северна Македонија и Ерменија беа единствените европски земји што во понеделникот се воздржа од гласање при усвојувањето на Резолуцијата во Генералното собрание на ОН со која се осудува руската агресија врз Украина. Сите останати европски земји, освен Русија, Белорусија и Унгарија кои гласаа против, ја поддржаа Резолуцијата. (26 февруари)

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.