Струмица наскоро прв балкански град со целосно електричен јавен градски превоз

Струмица наскоро прв балкански град со целосно електричен јавен градски превоз

Струмица ќе биде прв град на Балканот со електрифициран јавен градски превоз во корелација со Европскиот зелен договор, најави денеска струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов при преземањето на клучевите од десетте електрични автобуси во кругот на Аутомакедонија во Скопје.

Министерството за културa ќе бара поддршка од ЕУ за обнова на зградата на „Поштата“ во Скопје

Министерството за културa ќе бара поддршка од ЕУ за обнова на зградата на „Поштата“ во Скопје

Скопје – Заштитата на културното наследство, вклучитечно и реставрацијата на објектот на централната зграда на „Поштата на Северна Македонија“ во центарот на Скопје, како објект од културно и архитектонско значење, беа меѓу темите на разговор на средбата на...
Стано: Затворањето на филијалите на „Поштата Србија“ во северно Косово е спротивно на договорите од дијалогот 

Стано: Затворањето на филијалите на „Поштата Србија“ во северно Косово е спротивно на договорите од дијалогот 

За жал, тоа што вчера го направија косовските власти, е апсолутно целосно некоординирано и претставува апсолутно едностран потег, што има многу негативни последици за луѓето во северно Косово, додаде Стано во одговор на новинарски прашање зошто ЕУ во вчерашната реакција ја оцени оваа акција како еднострана и некоординирана. 

Муцунски: Ќе останеме сто проценти усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ

Муцунски: Ќе останеме сто проценти усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ

Не сакам ни да помислам да го користам зборот „оружје“ во време кога се војува во светот и умираат луѓе. Треба да сме обединети кон заедничките цели, и со Атина и со Софија, како и со сите други земји и од потесниот и од поширокиот регион. Верувам дека има многу повеќе прашања што можат да не обединат отколку прашања што треба да не делат, нагласи Муцунски, додавајќи дека отворените политички прашања треба да се решаваат со меѓусебно почитување и дијалог.

Муртезани: Без уставни измени не може да се одблокира пристапот во ЕУ

Муртезани: Без уставни измени не може да се одблокира пристапот во ЕУ

Мислам дека како што и амбасадорот на Европската делегација и сите амбасадори од нашите стратешки партнери на неколку наврати имаат посочено дека тоа е сериозен чекор, односно сериозна пречка пред нас која што ние треба да се нафатиме и залагаме да го решиме колку што е можно побрзо. Како што знаете, ние во предизборната кампања, зборувам сега како коалиција „Вреди“, нагласивме дека тоа е еден од клучните приоритети, а исто така тоа е влезено и во Програмата на Владата како приоритет, рече Муртезани.

Скопје очекува одговор од ЕК за Реформската агенда до утре, а првата транша од Планот за раст во втората половина на септември

Скопје очекува одговор од ЕК за Реформската агенда до утре, а првата транша од Планот за раст во втората половина на септември

На 14 јули Владата ја усвои драфт верзијата со придружните елементи на Реформската агенда и таа е испратена до Европската комисија на внатрешна консултација. До 31 јули треба да добиеме повратни коментари за да може после Владата врз основа на тие коментари да ја усвои крајната верзија на Реформската агенда, изјави денеска на прес-конференција министерот за европски прашања Орхан Муртезани.