by MIA | 29.Јул 2024 | Europe in brief
Дали оваа Влада би можела да постигне подобар договор? Јас лично многу се сомневам во тоа. Се разбира, тоа е прашање меѓу двете влади, но многу се сомневам дека тоа може да се постигне. И не гледам апетит во Брисел за повторно разгледување на преговарачката рамка, која е основа на преговорите. Како што велам, има решение на маса. Би било добро сега да напредуваме кон тоа решение, рече Гир.
by MIA | 24.Јул 2024 | Europe in brief
Со средствата од кредитот ќе се поддржуваат инвестиции во опрема која штеди енергија, како што е изолација, прозорци, топлотни пумпи и соларни панели, со што ќе се намалат емисиите стакленички гасови и трошоците за енергија.
by MIA | 23.Јул 2024 | Europe in brief
Амбасадорите на државите членки на ЕУ ја потврдиле својата поддршка за процесот на евроинтеграција на Северна Македонија и изразиле подготвеност за натамошна соработка и помош во реализацијата на реформските процеси.
by MIA | 17.Јул 2024 | Europe in brief
Договорот од Преспа имаше други слабости, но членот од Договорот од Преспа што се однесува на името, ерга омнес, името Република Северна Македонија за севкупна употреба, не е подложен на никакво оспорување или правно толкување. Тоа е името на земјата и никој не може да ја нарекува со друго име. Ова е нешто што апсолутно јасно му го ставив на знаење на премиерот на Северна Македонија за време на Самитот на НАТО дека се наоѓа на таа маса токму затоа што е потпишан Договорот кој во моментов не го почитува, рече Мицотакис
by MIA | 15.Јул 2024 | Europe in brief
Грчката страна го истакна прашањето за посветеноста на сите членки на НАТО кон меѓународното право и меѓународните договори, што ја претставуваат основата на глобалната безбедносна архитектура. Посебно осврнување имаше на должното верно почитување на Договорот од Преспа, чиешто јадро систематски го прекршува новото политичко и државно раководство на Северна Македонија, вели Герапетритис
by MIA | 12.Јул 2024 | Europe in brief
Имајќи предвид дека се воспоставува специјална економска соработка, тоа ќе подразбира дека во иднина кога ќе има потреба од такво нешто, земјава ќе може повторно да се обрати до нашиот специјален економски партнер – Унгарската Влада и да побара поддршка дополнителна што ќе биде потребна за македонската економија.