by MIA | 04.Јул 2025 | Europe in brief
Со Амандманот 20, поднесен заеднички од европратениците Анджеј Халицки во име на Европската народна партија (ЕПП), Кетлин Ван Бремпт во име на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократиите (СД) и Дан Барна во име на либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ), се предлага бришење на точката Л која гласи „со оглед на тоа што ЕУ постојано го покажува своето признавање на македонскиот јазик и идентитет“.
by MIA | 02.Јул 2025 | Europe in brief
Муртезани истакна дека Планот за раст и Реформската агенда се дизајнирани да донесат клучни социо-економски реформи и да ги поттикнат демократските вредности и владеењето на правото, што се предуслов за стабилност, просперитет и интеграција во Европската Унија.
by MIA | 01.Јул 2025 | Europe in brief
Знам дека клучните реформи, коишто ги бараме од вас не се едноставни. Тие задираат во закоравени структури на интереси, на моќ и на многу начини бараат длабока општествена темелна трансформација и потребно е лидерите да ја водите оваа промена. Ве уверувам дека вреди. Добивките се вредни – стабилност, безбедност и просперитет за сите ваши граѓани, порача Кос.
by MIA | 30.Јун 2025 | Europe in brief
Бугарското вето подразбира пречка за отворање на преговорите според преговарачката рамка. Тоа што ние се фокусираме во Планот за раст е бидејќи ЕУ преку оваа рамка им овозможува пристап на граѓаните на Западен Балкан кон услуги кои ексклузивно биле само за земји членки на ЕУ. Затоа, без да станеме членка граѓаните на земјите кандидати може да бидат дел од овие поволности, изјави Муртезани.
by MIA | 27.Јун 2025 | Europe in brief
Лидери ќе работат со комесарката Кос за да ги претворат обврските во акција, фокусирајќи се на критични реформи за ослободување на средствата во рамките на Планот за раст и за обезбедување видливи придобивки за граѓаните на земјите кандидати уште пред зачленувањето (во ЕУ), се наведува во соопштението.
by MIA | 27.Јун 2025 | Europe in brief
Муцунски истакна дека кај огромно мнозинство земји во ЕУ има силно разбирање за длабоките фрустарации на македонскиот народ и македонската држава на нашиот евроинтегративен пат, како и свест и за тоа дека она што и случува на нашата држава не придонесува за легитимитетот на полтиката на проширување, која историски гледано знаела да биде најтрансформативната политика.