by MIA | 24.Дек 2025 | Europe in brief
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас порача дека Гренланд е автономна територија во составот на Кралството Данска и за сите промени на тој статус можат да одлучат само Гренланѓаните и Данците.
by MIA | 22.Дек 2025 | Europe in brief
Уште еднаш се покажа дека нашиот пат е вистинскиот и дека европската иднина на Албанија е неодвоива од траекторијата на Западен Балкан. Овој процес не го гледаме како натпревар меѓу земјите кандидатки, туку како пат, кој го одиме заеднички, дестинација која е незибежна и приородна припадност на нашите народи, посочи Спиропали.
by MIA | 22.Дек 2025 | Europe in brief
И од наша страна има подготвеност уште утре да седнеме да разговораме, да дискутираме како да ја одблокираме оваа непринципиелна блокада која и се прави на нашата држава. Но, доколку некој очекува дека оваа Влада туку така ќе се согласи и ќе направи отстапка, без да има сигурност по иднината и завршетокот на европскиот пат, јавноста добро знае дека таква подготвеност од наша страна нема, посочи Муцунски.
by MIA | 18.Дек 2025 | Europe in brief
Средствата ќе бидат неменети за кредитирање на мали и сред претпријатија за реализација на инвестиции во обновливи извори на енергија и проекти кои ја поддржуваат енергетската ефикасност и транзицијата на земјата кон позелена и поконкурентна економија.
by MIA | 18.Дек 2025 | Europe in brief
Очекуваме дека билатералните прашања нема да бидат наша пречка, туку напротив од нашите соседи очекуваме поддршка во оваа наша амбиција да бидеме дел од Европската Унија. И она што е најважно, е да бидеме оценувани според постигнувањата, а не според билатералните прашања, додаде премиерот Мицкоски.
by MIA | 18.Дек 2025 | Europe in brief
Иднината на Западен Балкан е во нашата Унија. Проширувањето претставува реална можност што треба да се искористи. Земјите аспиранти за членство треба да ги забрзаат своите реформски активности. Паралелно, Унијата треба да ги засили своите интерни темели и реформи, се истакнува во „Декларацијата од Брисел“.