Мицкоски: Се засилуваат притисоците од бугарска страна против усвојување на извештајот на Вајц

Мицкоски: Се засилуваат притисоците од бугарска страна против усвојување на извештајот на Вајц

Деновиве добивам информации за повторни жестоки политички притисоци од страна на бугарските европратеници и бугарската Влада дека ако тој извештај биде изгласан тоа можело да ги радикализира проруските струи против сегашната проевропска Влада на Бугарија. Тоа доволно ви дава одговор во каква состојба е една членка на ЕУ и кој во суштина го попречува евроинтегративниот процес, нагласи Мицкоски.

Мицкоски: Тоа што го зборува Софија има можност да го докаже со повлекување на амандманите во ЕП и да прифати средба на самиотот на НАТО во Хаг

Мицкоски: Тоа што го зборува Софија има можност да го докаже со повлекување на амандманите во ЕП и да прифати средба на самиотот на НАТО во Хаг

На 24 јуни на Комисијата за надворешни работи при ЕП (АФЕТ) се наоѓа извештајот во којшто очекувам бугарските членови на ЕП да ги повлечат амандманите во кои бараат македонскиот многувековен идентитет и јазик да се додефинираат со зборчето сегашен или „present“, и во рамките на тој дух да биде усвоен тој извештај и потоа и патоказот за малцински права којшто многу скоро ќе биде на дневен ред, така што имаат можност ова што го збруваат да го покажат и на дело, изјави Мицкоски.

Радев: Бугарија никогаш не поставила и нема да постави услови надвор од Договорот од 2017, преговарачката рамка и протоколите

Радев: Бугарија никогаш не поставила и нема да постави услови надвор од Договорот од 2017, преговарачката рамка и протоколите

Уште еднаш сакам да ве уверам дека Бугарија како најблиска пријателска земја има желба, е подготвена и пружа рака да биде од помош за да може вашето раководство во државата и општеството со забрзан чекор да ги примени и спроведи Копенхашките критериуми., истакна Радев.

Муцунски: Работиме на засилување на динамиката на средби со официјална Софија, подготвени сме за рационални решенија согласно европски вредности

Муцунски: Работиме на засилување на динамиката на средби со официјална Софија, подготвени сме за рационални решенија согласно европски вредности

Преземени се конкретни чекори како државата да се движи напред кон полноправно членство, но таа политичка бариера од Бугарија постои, бидејќи овие мерки ја движат напред земјата кон полноправно членство во ЕУ, но никако не можат да го заменат процесот на отварање на преговори, порача Муцунски.

Мицкоски: Има предлог термин за средба со бугарската страна, да почекаме да се изјасни Софија

Мицкоски: Има предлог термин за средба со бугарската страна, да почекаме да се изјасни Софија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изјави дека не е проблем да разговара во насока на деблокирање на нашите евроинтеграции и со бугарскиот премиер Росен Жељазков на Самитот на НАТО во Хаг.