by MIA | 06.Јун 2024 | Europe in brief
Евроамбасадорот Дејвид Гир смета дека Преспанскиот договор, Охридскиот рамковен договор и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, секој на различен начин, имаат донесено значителни придобивки за земјава и вели дека затоа за Европската Унија е од огромно значење да се работи на целосна имплементација на трите договори.
by MIA | 05.Јун 2024 | Europe in brief
Земјите членки се согласни дека треба да се овозможи почеток на преговори, а германската перспектива е зајакнување на Европа и нанадвор и навнатре, а треба да најдеме начин како да постигнеме решение во рамките на Европа. Повеќето одлуки во ЕУ се донесуваат со квалификувано мнозинство, рече Дрекслер.
by MIA | 04.Јун 2024 | Europe in brief
Преспанскиот договор има механизми, почнувајќи од укажување, па до обраќање до Генералниот секретар на Обединетите нации. Постои и можност за покренување постапка пред Меѓународниот суд на правдата, чија пресуда соседот Грција не ја почитуваше, изјави Сиљановска Давкова.
by MIA | 04.Јун 2024 | Key Stories
Земјите членки на Европската унија го усвоија првиот историски Закон за вештачка интелигенција (AI Act), првиот закон во светот да се справи со оваа технологија. Со завршетокот на законодавната фаза, кои ќе се предизвиците кога ќе дојде време да се имплементираат правилата во националните закони?
by MIA | 15.Мај 2024 | Europe in brief
Сиљановска Давкова истакнала дека и покрај високото ниво на подготвеност на македонската администрација и насобраното искуство, напредокот во исполнувањето на критериумите трпи поради политички околности и потези за кои се одговорни и одредени земји членки на ЕУ. Во тој контекст, таа посочила на потребата од враќање на вербата во мериторен процес на интеграција, со фокус на исполнување на копенхашките критериуми.