by MIA | 29.Фев 2024 | Europe in brief
Западниот Балкан треба да биде интегриран во ЕУ, која мора да ги понуди сите придобивки од членството. Остана половина од времето за спроведување овој план, затоа регионот ќе треба брзо да напредува за да ги заврши реформите. Мора да ги примените правилата на ЕУ. Може да станете дел од европскиот пазар и пред да станете член на ЕУ, рече Вархеји.
by MIA | 19.Фев 2024 | Europe in brief
Пендаровски информираше дека во однос на промената на Уставот, како пречка за натамошно продолжување на нашата интеграција, тоа нема да е можно до одржувањето на изборите, бидејќи земјата има преодна Влада, чија единствена задача е организирањето на фер и демократски избори.
by MIA | 09.Фев 2024 | Europe in brief
Одбраната на владеењето на правото, демократијата и единството се принципите во сржта на она што значи Европа и ги прави врeдностите на ЕУ. Веруваме дека се тоа се уште причините поради кои земји како Северна Македонија сакаат да и пристапат на ЕУ. Низ различни области овој концепт на демократијата на владеење на правото ќе се применува, а ќе се применува и во политиката на проширување, изјави белгискиот амбасадор Фредерик Мерис презентирајќи ги приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ.
by MIA | 05.Фев 2024 | Europe in brief
Испратена е една верзија на Акцискиот план која е определено дека не е конечна, туку дека е работна. Во моментот кога ќе процениме заедно, во комуникација со Брисел, дека треба да се испрати конечната верзија, ќе ја испратиме. До каде е усвојувањето, прашањето треба да се упати до државите членки, тие се уште се во фаза на разгледување на овие документи, истакна Маричиќ.
by MIA | 18.Јан 2024 | Europe in brief
Скопје – Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос, говореше на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“ при што ја реафирмираше потребата од забрзана интеграција на земјите од...