by MIA | 04.Ное 2025 | Europe in brief
Црна Гора, Албанија, Украина, Република Молдавија, Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Косово, Турција и Грузија ги продолжуваат своите соодветни патишта кон ЕУ. Темпото на нивните реформи, особено во областите на демократијата, владеењето на правото и основните права, директно влијае на брзината на пристапувањето
by MIA | 29.Окт 2025 | Europe in brief
Од интерес за регионалната стабилност и демократија е Европската Унија да направи храбар чекор како оној во 2004 година и да покаже иновативност во креирањето на конечни решенија за Западен Балкан, како неразделен дел од Европа, порача Сиљановска-Давкова.
by MIA | 24.Окт 2025 | Europe in brief
Мора да го видиме напредокот во Црна Гора и во Албанија, а гледам и добри шанси за Северна Македонија. Босна и Херцеговина се соочува со многу тешка ситуација, особено со Република Српска. Србија има многу проблеми, а исто така и Косово се соочува со проблеми. Затоа дијалогот Белград-Приштина повеќе не е во нашиот центар на интерес, бидејќи во центарот сега се проблемите во двете земји, смета Лопотка.
by MIA | 15.Окт 2025 | Europe in brief
ЕУ треба да биде свесна дека овој процес на проширување е жив и земји како оваа имаат потенцијал да преговараат поглавје по поглавје, да ги спроведуваат реформите со цел да ги исполнат критериумите. Јас сум малку позагрижен дека пристапувањето на овие земји нема да се заснова на нивното техничко ниво на подготвеност, туку само ќе се играат геополитички игри, изјави Пелегрини.
by MIA | 06.Окт 2025 | Europe in brief
Среде Европа недостига еден голем дел да биде во состав на ЕУ, треба да се потрудиме да ја затвориме оваа празнина за да ја зголемиме безбедноста на континтетот и да го поврземе она што си припаѓа едно на друго. Процесот на приклучување трае веќе 20 години, веќе 20 години и ветуваме на Северна Македонија дека ќе стане членка на ЕУ. Денеска имам новина од Австрија за вас, нагласи Плаколм.