Средби на Муртезани во ЕП: Поддршка за европската перспектива на Северна Македонија  

Средби на Муртезани во ЕП: Поддршка за европската перспектива на Северна Македонија  

Министерот Муртезани, од своја страна, изрази благодарност за континуираната поддршка и ја потенцираше посветеноста на земјава кон европската агенда. Тој истакна и дека земјата останува активен партнер во процесот на пристапување и очекува предвидлив и праведен пристап од страна на Европската Унија. 

Рокас: Ние ќе ви помогнеме да ги испорачате реформите, а вие треба да го искористите моментумот во процесот на проширување

Рокас: Ние ќе ви помогнеме да ги испорачате реформите, а вие треба да го искористите моментумот во процесот на проширување

Премиерот веќе на двапати беше во Брисел во декември, така што има интензивна дипломатска активност во овој момент, меѓутоа, паралелно со овие дипломатски напори за надминување на прашањето со Бугарија, нашиот фокус ќе биде да се фокусираме на спроведување и испорака на реформите кои произлегуваат од Реформската агенда која неодамна беше усвоена од вашата Влада, нагласи евроамбасадорот.

Бримора: Проширувањето кон Западниот Балкан е дел од приоритетите на полското претседателство со Советот на ЕУ

Бримора: Проширувањето кон Западниот Балкан е дел од приоритетите на полското претседателство со Советот на ЕУ

Во однос на блокираните евроинтеграции на земјава, Бримора најавува дека полското претседателство ќе се вклучи во напорите за надминување на ќор-сокакот обелоденувајќи дека наскоро претставници на полското МНР ќе заминат за Софија каде, меѓу другото, ќе се разговара и за ситуацијата со Северна Македонија.

Муцунски: Веруваме дека може да се најде рационално решение кое ќе биде прифатливо за нас

Муцунски: Веруваме дека може да се најде рационално решение кое ќе биде прифатливо за нас

Треба најбрзо што можеме да го продолжиме дијалогот, кој постои на различни нивоа. Тој дијалог никогаш и не е запрен. Треба да најдеме решение затоа што забавувањето на процесот на проширување нам не ни одговара, ниту пак им одговара на земјите членки на ЕУ, а најмалку му одговара на целиот регион, земајќи ја предвид комплексноста што постои во него, вели Муцунски.

Македонскиот евроинтеграциски пат во 2024: Скопје е за дијалог без ултиматуми, ЕУ бара исполнување на обврските 

Македонскиот евроинтеграциски пат во 2024: Скопје е за дијалог без ултиматуми, ЕУ бара исполнување на обврските 

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Европската Унија мора „да се врати на старите шини“, кои се темелат на мерит системот, односно на постигнувања, а не на билатерални спорови“, додавајќи дека блокада може да има доколку земјата не е добра во одредени перформанси, кои произлегуваат од критериумите.