
Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор
Вашиот следен и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен, а тоа е да ги направите уставните измени. Топката е во Вашиот двор. ЕУ е подготвена, напиша кусо Фон дер Лајен.
Вашиот следен и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен, а тоа е да ги направите уставните измени. Топката е во Вашиот двор. ЕУ е подготвена, напиша кусо Фон дер Лајен.
Посетата на претседателката на Европската комисија претставува потврда на отворениот дијалог и заемната подготвеност за продлабочување на партнерството, во интерес на стабилноста, економскиот развој и европската иднина на земјата, стои во соопштението на владината прес-служба.
Доаѓањето на госпоѓата Фон дер Лајен може да се гледа низ две призми, низ два агла, едниот е се работи за редовна посета, таа и минатата година ако се сеќавате имаше посета на регионот и мислам дека тоа е добро заради кондицијата на регионот, рече Сиљановска Давкова.
ЕУ треба да биде свесна дека овој процес на проширување е жив и земји како оваа имаат потенцијал да преговараат поглавје по поглавје, да ги спроведуваат реформите со цел да ги исполнат критериумите. Јас сум малку позагрижен дека пристапувањето на овие земји нема да се заснова на нивното техничко ниво на подготвеност, туку само ќе се играат геополитички игри, изјави Пелегрини.
Се надевам дека ќе има испорака и од страна на ЕУ, за барем малку да го зачуваме образот пред да влеземе, затоа што со изгубен образ и доистинство ниту на нив нема да им вршиме работа, а оваа Влада нема намера повеќе да губи од достоинството и образот, порача Мицкоски.