
Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор
Вашиот следен и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен, а тоа е да ги направите уставните измени. Топката е во Вашиот двор. ЕУ е подготвена, напиша кусо Фон дер Лајен.
Вашиот следен и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен, а тоа е да ги направите уставните измени. Топката е во Вашиот двор. ЕУ е подготвена, напиша кусо Фон дер Лајен.
Посетата на претседателката на Европската комисија претставува потврда на отворениот дијалог и заемната подготвеност за продлабочување на партнерството, во интерес на стабилноста, економскиот развој и европската иднина на земјата, стои во соопштението на владината прес-служба.
Доаѓањето на госпоѓата Фон дер Лајен може да се гледа низ две призми, низ два агла, едниот е се работи за редовна посета, таа и минатата година ако се сеќавате имаше посета на регионот и мислам дека тоа е добро заради кондицијата на регионот, рече Сиљановска Давкова.
Се надевам дека ќе има испорака и од страна на ЕУ, за барем малку да го зачуваме образот пред да влеземе, затоа што со изгубен образ и доистинство ниту на нив нема да им вршиме работа, а оваа Влада нема намера повеќе да губи од достоинството и образот, порача Мицкоски.
За да овозможиме да се случи следното обединување на Европа ги доближуваме идните земји членки до нашата Унија, рече Фон дер Лајен.