by MIA | 06.Јан 2026 | Europe in brief
Потенцираме дека Република Северна Македонија е препознаена како позитивен пример на европско ниво во примената на правата на заедниците и така ќе продолжи и во иднина. Остануваме цврсто посветени на еднаквоста, инклузијата и ефикасната имплементација на политиките во интерес на сите наши граѓани, се нагласува во соопштението од МНРиНТ.
by MIA | 22.Дек 2025 | Europe in brief
И од наша страна има подготвеност уште утре да седнеме да разговораме, да дискутираме како да ја одблокираме оваа непринципиелна блокада која и се прави на нашата држава. Но, доколку некој очекува дека оваа Влада туку така ќе се согласи и ќе направи отстапка, без да има сигурност по иднината и завршетокот на европскиот пат, јавноста добро знае дека таква подготвеност од наша страна нема, посочи Муцунски.
by MIA | 16.Дек 2025 | Europe in brief
Граѓаните се фрустрирани, многу сме дале за интеграцијата – име, знаме, банкноти, неколку промени на Уставот. Секогаш кога ќе се исполни условот, доаѓа нов. Не можам повеќе да се изложам на такво нешто, истакна Мицкоски.
by MIA | 08.Дек 2025 | Europe in brief
Нашите граѓани не треба да имаат никаква грижа по однос на позициите на Владата – тие се сосема јасни и нема да прифатиме никакви отстапки што се поврзани со нашите основни идентитетски обележја – нашиот јазик и нашата историја, изјави Муцунски.
by MIA | 13.Ное 2025 | Europe in brief
Не би било коректно некој да очекува дека оваа Влада додека сум јас премиер наеднаш ќе каже дека ова досега што го зборевме не важи, сега ќе седнеме и ќе направиме уставни измени, рече Мицкоски.