Блокада за вештачкото разголување: Борбата на ЕУ за поголема безбедност на интернет

Блокада за вештачкото разголување: Борбата на ЕУ за поголема безбедност на интернет

Сексуализирани слики на малолетници генерирани од вештачка интелигенција на социјалните медиуми: По бурните реакции против четботот Грок на платформата Икс, се зголеми притисокот за подобра заштита на интернет. ЕУ има неколку алатки на располагање, но се чини дека не се доволни за да ја спречат ваквата злоупотреба.

Истражување: Над 70 проценти од граѓаните поддржуваат членство во ЕУ, благ пораст и на евроскептицизмот

Истражување: Над 70 проценти од граѓаните поддржуваат членство во ЕУ, благ пораст и на евроскептицизмот

ЕУ продолжува и понатаму да се смета за најважен и највлијателен сојузник на земјата и во контекст на актуелните геополитички превирања очигледно е дека граѓаните се наклонуваат кон онаа алтернатива или опција во која гледаат најголема сигурност, безбедност и перспектива.

Фотиу: Западен Балкан останува од стратешко значење за ЕУ, го признаваме ангажманот на Северна Македонија за усогласување со европските стандарди

Фотиу: Западен Балкан останува од стратешко значење за ЕУ, го признаваме ангажманот на Северна Македонија за усогласување со европските стандарди

Кипарското претседателство посветува внимание на редовен и отворен дијалог со Западен Балкан, а Северна Македонија останува дел од процесот на проширување на Унијата. Кипар го признава ангажманот на Северна Македонија за унапредување на реформите и во усогласувањето на европските стандарди и го охрабрува постојаниот и контиуниран напор на земјата во таа насока – рече Фотиу. 

Ламерт: ЕК е посветена на проблемот на балканските камионџии и работи на него при подготовката на новата Визна стратегија

Ламерт: ЕК е посветена на проблемот на балканските камионџии и работи на него при подготовката на новата Визна стратегија

Свесни сме дека голем број професионалци од трети земји може да имаат потреба да останат во Шенген зоната повеќе од 90 дена во рок од 180 дена. Ова ги вклучува професиите со висока мобилност, како што се возачите на камиони, но исто така и спортистите и уметниците. Тоа е исто така поврзано и со националните правила и постојните билатерални договори. Ова е прашање на кое сме целосно посветени и на кое работиме и размислуваме во контекст на подготовките на претстојната Визна стратегија, што ќе ја објавиме оваа недела, изјави Ламерт.