by MIA | 22.Дек 2025 | Europe in brief
И од наша страна има подготвеност уште утре да седнеме да разговораме, да дискутираме како да ја одблокираме оваа непринципиелна блокада која и се прави на нашата држава. Но, доколку некој очекува дека оваа Влада туку така ќе се согласи и ќе направи отстапка, без да има сигурност по иднината и завршетокот на европскиот пат, јавноста добро знае дека таква подготвеност од наша страна нема, посочи Муцунски.
by MIA | 20.Дек 2025 | Key Stories
ЕУ ја заострува контролата врз нерегуларната имиграција и враќањето на одбиените баратели на азил. За подобро да ја понесат заедничката одговорност, земјите членки се согласија да воведат мерки на солидарност – иако некои од порестриктивните влади се скептични во врска со нив.
by MIA | 18.Дек 2025 | Europe in brief
Очекуваме дека билатералните прашања нема да бидат наша пречка, туку напротив од нашите соседи очекуваме поддршка во оваа наша амбиција да бидеме дел од Европската Унија. И она што е најважно, е да бидеме оценувани според постигнувањата, а не според билатералните прашања, додаде премиерот Мицкоски.
by MIA | 18.Дек 2025 | Europe in brief
Иднината на Западен Балкан е во нашата Унија. Проширувањето претставува реална можност што треба да се искористи. Земјите аспиранти за членство треба да ги забрзаат своите реформски активности. Паралелно, Унијата треба да ги засили своите интерни темели и реформи, се истакнува во „Декларацијата од Брисел“.
by MIA | 16.Дек 2025 | Europe in brief
Предвидено е премиерот Мицкоски вечерва да присуствуваат на настанот насловен „Здравица за добрите соседи: Еве колку се добри Западните Балканци …“, што под покровителство на еврокомесарката за проширување Марта Кос го организираат амбасадорите на земјите од Западниот Балкан во Брисел.