by MIA | 15.Јан 2026 | Europe in brief
Во извештајот на Фронтекс се нагласува дека и покрај значајното намалување на илегалните гранични преминувања, ситуацијата на границите на Европа останува неизвесна, а миграцискиот притисок може бргу да се менува под влијание на конфликти, нестабилност и мрежите за шверцување луѓе.
by MIA | 15.Јан 2026 | Europe in brief
Првите луѓе на групите во Европскиот парламент нагласуваат дека „недвосмислено ги осудуваат изјавите“ дадени од Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Гренланд, кои претставуваат „очигледен предизвик за меѓународното право, за принципите на Повелбата на ОН и за суверенитетот и територијалниот интегритет на сојузник на НАТО“.
by MIA | 14.Јан 2026 | Europe in brief
Во контекст на пристапниот процес кон ЕУ министерот Сали ја реафирмирал определбата на Владата за продолжување со реформите и за целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ како силен сигнал за стратешката европска ориентација на државата.
by MIA | 06.Јан 2026 | Europe in brief
Потенцираме дека Република Северна Македонија е препознаена како позитивен пример на европско ниво во примената на правата на заедниците и така ќе продолжи и во иднина. Остануваме цврсто посветени на еднаквоста, инклузијата и ефикасната имплементација на политиките во интерес на сите наши граѓани, се нагласува во соопштението од МНРиНТ.
by MIA | 02.Јан 2026 | Europe in brief
Најголем дел од чекорите што требаше да се завршат до крајот на декември се завршени, да видиме што треба да се заврши, да се дозаврши и полека од април да го фатиме чекорот да бидеме најдобри на Западниот Балкан. Тоа е нашата цел, рече Мицкоски.