Усвоен извештајот на ЕП, Вајц: Пристапувањето на земјата е неправедно блокирано предолго поради билатерални спорови

Усвоен извештајот на ЕП, Вајц: Пристапувањето на земјата е неправедно блокирано предолго поради билатерални спорови

Ги повикувам сите политички партии во Северна Македонија да се вклучат во конструктивен дијалог за да се постигне потребниот консензус, што би го зајакнало мултиетничкиот карактер на земјата и би го забрзало напредокот во ЕУ, вели Вајц. 

Мицкоски: На талибански начин се брише македонскиот јазик и македонскиот идентитет од извештајот на ЕП

Мицкоски: На талибански начин се брише македонскиот јазик и македонскиот идентитет од извештајот на ЕП

Но она што е важно е да се напомене дека оној мал чекор кога помина на Комитетот за надворшени работи и македонски јазик и македонски идентитет, ќе остане во колективната меморија, дека за прпват некогаш помина македонски идентитет и македонски јазик, во главниот град на ЕУ, Брисел, во седиштето на европската демократија, ЕП, истакна Мицкоски.

ЕПП, СД и РЕ заеднички предлагаат бришење на „македонски идентитет и јазик“ во Извештајот на Вајц

ЕПП, СД и РЕ заеднички предлагаат бришење на „македонски идентитет и јазик“ во Извештајот на Вајц

Со Амандманот 20, поднесен заеднички од европратениците Анджеј Халицки во име на Европската народна партија (ЕПП), Кетлин Ван Бремпт во име на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократиите (СД) и Дан Барна во име на либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ), се предлага бришење на точката Л која гласи „со оглед на тоа што ЕУ постојано го покажува своето признавање на македонскиот јазик и идентитет“. 

Извештајот на Вајц со „македонски јазик и идентитет“ усвоен во Комитетот за надворешни работи на ЕП

Извештајот на Вајц со „македонски јазик и идентитет“ усвоен во Комитетот за надворешни работи на ЕП

ЕУ мора да остане обединета со своите соседи во предизвикувачкиот геополитички пејзаж со кој се соочуваме. Северна Македонија припаѓа во ЕУ. По 20 години преговори, мора да го одржиме моменталниот добар моментум за понатамошно унапредување на процесот на проширување, додаде Вајц

Николоски: Позицијата на Северна Македонија е афирмирана во Европа, Извештајот на ЕП ja отсликува реалноста

Николоски: Позицијата на Северна Македонија е афирмирана во Европа, Извештајот на ЕП ja отсликува реалноста

Извештајот е коректен, нема ништо што е надвор од вистината или што не соодејствува на реалноста и само го потврдува она што сите го знаеме, а тоа е дека Македонија и македонските граѓани не се случајни, не се вештачки насадени на Балканот, туку имаат долга и вековна традиција која што на сите ние е позната. Одредени други сакаат да ја негираат и да речат дека тоа не е така, но и оваа вистина излезе, вели Николовски.