by MIA | 10.Дек 2024 | Europe in brief
Остануваме посветени да работиме, да ги решаваме домашните задачи, реформи, економија – тоа е она на кое оваа Влада останува да биде посветена. Во меѓународната политиката има непишано правило дека големите прават тоа што можат, а малите тоа што мораат. Ќе ги следиме и од блиску, внимателно, и ќе се обидеме да антиципираме следни чекори од развојот на настаните на глобално ниво. Имаме свои конекции и во Вашингтон, и во Брисел, и насекаде онаму каде што е потребно. Добиваме информации, анализираме и повлекуваме потези и сите тие се исклучиво водени од една цел – интересот на македонските граѓани, рече Мицкоски.
by MIA | 06.Дек 2024 | Europe in brief
Ставот за одложената примена е презентиран на многу средби и ја покажува подготвеноста на Владата за компромис, но, компромис кој носи извесност.
by MIA | 05.Дек 2024 | Europe in brief
Мојот сон е да ги имаме сите земји од Западниот Балкан во Европската Унија и да ги видиме отстранети границите и билатералните тензии, како што беше случај во многу делови од континентот, изјави Кос, додавајќи дека со отстранувањето на физичките бариери на раздвојување, многу историски тензии ќе се тргаат на страна.
by MIA | 29.Ное 2024 | Europe in brief
Од новиот состав на Европската Комисија треба да очекувате многу напорна работа. Процесот на проширување на Европската Унија е врвен приоритет за самата Европска унија. Како сведоштво или како доказ за тој врвен приоритет е тоа што имаме комесар за проширување, а имаме и политички директор кој што ја има функцијата за проширување, истакна Рокас.
by MIA | 27.Ное 2024 | Europe in brief
Променета е геополитичката ситуација, динамиката на проширувањето денес е сосема поинаква. Постојат реални шанси во следните неколку години, да доведеме неколку држави до крај на процесот, за нивен влез во ЕУ. Не знам кои се тие држави, но ќе бидат оние кои ќе ги исполнат сите услови, нагласи Кос.