Гир: Не гледам можност за промена на преговарачката рамка и таа позиција не е променета

Гир: Не гледам можност за промена на преговарачката рамка и таа позиција не е променета

Секогаш сум бил многу јасен за овој договор што беше постигнат во јули 2022 година што резултираше со отворање на пристапните преговори и скрининг процесот. Не гледам можност за промена на преговарачката рамка и таа позиција не е променета по изборите, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир, по денешната средба со Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, одговарајќи на новинарско прашање дали има шанса за промена на преговарчата рамка.

Нимиц: ЕУ направи историска грешка што не го придвижи брзо пристапувањето на Северна Македонија во Унијата

Нимиц: ЕУ направи историска грешка што не го придвижи брзо пристапувањето на Северна Македонија во Унијата

Европската Унија, мислам дека направи историска грешка што не се движеше брзо во пристапувањето на Северна Македонија во Унијата. Беа направени ветувања. Постоеја очекувања во Северна Македонија дека штом се реши спорот со Грција, направено со Преспа и со уставните промени, што беше многу тешко за нив да го сторат тоа, тогаш пристапниот процес ќе се движи брзо. И тоа не се случи. Тоа беше одложено поради повеќе причини. И, можете да го објасните на овој или оној начин, но тоа доведе до ерозија на довербата во Северна Македонија. Очекувањата не беа такви, рече Нимиц. 

Унгарското претседавање со ЕУ: Како Орбан може да влијае на ЕУ?

Унгарското претседавање со ЕУ: Како Орбан може да влијае на ЕУ?

Унгарија в понеделник го презема ротирачкото претседавање со Советот на ЕУ од Белгија. Многумина внимателно се следи земјата која има за цел „Да ја направи Европа повторно голема“ и планира да се фокусира на проширувањето, одбраната и конкурентноста. Украина ја чекаат тешки шест месеци со петседателството на ЕУ.

Сиљановска-Давкова: Постои замор од проширувањето, но уште поголем е од чекањето, ЕУ треба да го вклучи Западен Балкан

Сиљановска-Давкова: Постои замор од проширувањето, но уште поголем е од чекањето, ЕУ треба да го вклучи Западен Балкан

Визијата за ЕУ не одржува во кондиција и во реформите. Ни помага на европски начин да ги затвораме отворените билатерлани прашања, рече Сиљановска-Давкова. 

Дрекслер: Нема вето за вашата земја, сите членки се согласни дека треба да се овозможи почеток на преговорите

Дрекслер: Нема вето за вашата земја, сите членки се согласни дека треба да се овозможи почеток на преговорите

Земјите членки се согласни дека треба да се овозможи почеток на преговори, а германската перспектива е зајакнување на Европа и нанадвор и навнатре, а треба да најдеме начин како да постигнеме решение во рамките на Европа. Повеќето одлуки во ЕУ се донесуваат со квалификувано мнозинство, рече Дрекслер.