by MIA | 16.Фев 2024 | Europe in brief
Владата, односно владиното мнозинството, и граѓаните на Република Северна Македонија опстојуваат на европскиот пат и се посветени на определбите за остварување на предусловите коишто ќе ни го отворат патот и конечно да го заокружиме нашето патување кон полноправното членство во Европската унија. Ова е пораката што претседателот на техничката Влада, Талат Џафери им ја пренесе на претставниците на институциите на ЕУ при денешните негови средби во Брисел.
by MIA | 09.Фев 2024 | Europe in brief
Одбраната на владеењето на правото, демократијата и единството се принципите во сржта на она што значи Европа и ги прави врeдностите на ЕУ. Веруваме дека се тоа се уште причините поради кои земји како Северна Македонија сакаат да и пристапат на ЕУ. Низ различни области овој концепт на демократијата на владеење на правото ќе се применува, а ќе се применува и во политиката на проширување, изјави белгискиот амбасадор Фредерик Мерис презентирајќи ги приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ.
by MIA | 07.Фев 2024 | Europe in brief
Земјите од Западен Балкан направија премал напредок во реформите од многу различни причини. Од друга страна, ЕУ даде ветувања кои потоа не беа одржани. Погледнете го примерот со Северна Македонија, кандидат за членство од 2005 година. Земјата го смени своето име во 2019 година под грчки притисок, но пристапните преговори не се отворени до денес – спротивно на она што беше ветено. Како Европска Унија, повеќе не можеме да дозволиме такви сиви зони во нашата политика за проширување, потенцира Мекалистер интервју за „Велт“.
by MIA | 05.Фев 2024 | Europe in brief
Испратена е една верзија на Акцискиот план која е определено дека не е конечна, туку дека е работна. Во моментот кога ќе процениме заедно, во комуникација со Брисел, дека треба да се испрати конечната верзија, ќе ја испратиме. До каде е усвојувањето, прашањето треба да се упати до државите членки, тие се уште се во фаза на разгледување на овие документи, истакна Маричиќ.
by MIA | 01.Фев 2024 | Europe in brief
Брисел – Сите 27 земји на Европската унија договорија 50 милијарди евра помош за Украина на специјалниот Самитот на Унијата што денеска се одржува во Брисел, објави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на Икс. – Имаме договор. Сите 27 лидери се...