Мицкоски: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат 

Мицкоски: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат 

Ние сме дел од европскиот континент и веруваме дека интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ претставува додадена вредност за самата ЕУ, а тоа значи еден вид реобединување на европски континент и мислам дека иднината на мојата земја и иднината на мојот народ, Македонците, е во Европската Унија. Затоа, и покрај сите овие понижувања и разочарувања и покрај сегашната фрустрација на нашите граѓани, се уште ги споделуваме истите вредности, истакна Мицкоски. 

Кос: Само со обединување на Европа можеме да обезбедиме мир, слобода и просперитет

Кос: Само со обединување на Европа можеме да обезбедиме мир, слобода и просперитет

Севкупно, 2025 година беше „добра година“ за работата на ЕУ со земјите кандидати, при што е забрзана нивната постепена интеграција во ЕУ, вклучително и преку Инструментот за Украина и Плановите за раст за Западниот Балкан и за Молдавија, рече Кос.

Фон дер Лајен: Посветени сме да го претвориме проширувањето на ЕУ во реалност 

Фон дер Лајен: Посветени сме да го претвориме проширувањето на ЕУ во реалност 

Црна Гора, Албанија, Украина, Република Молдавија, Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Косово, Турција и Грузија ги продолжуваат своите соодветни патишта кон ЕУ. Темпото на нивните реформи, особено во областите на демократијата, владеењето на правото и основните права, директно влијае на брзината на пристапувањето

Сиљановска-Давкова: Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат

Сиљановска-Давкова: Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат

Од интерес за регионалната стабилност и демократија е Европската Унија да направи храбар чекор како оној во 2004 година и да покаже иновативност во креирањето на конечни решенија за Западен Балкан, како неразделен дел од Европа, порача Сиљановска-Давкова.

Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

Мора да го видиме напредокот во Црна Гора и во Албанија, а гледам и добри шанси за Северна Македонија. Босна и Херцеговина се соочува со многу тешка ситуација, особено со Република Српска. Србија има многу проблеми, а исто така и Косово се соочува со проблеми. Затоа дијалогот Белград-Приштина повеќе не е во нашиот центар на интерес, бидејќи во центарот сега се проблемите во двете земји, смета Лопотка.