by MIA | 03.Сеп 2025 | Europe in brief
На прашањето „Кога сметаат дека Северна Македонија ќе стане земја членка на ЕУ“, 27 отсто одговориле „во следните пет години“, 35 проценти „за пет до 15 години“, а 16 отсто дека „ќе бидат потребни повеќе од 15 години, но ќе се стане“. Ист толкав процент, 16, сметаат дека „државата никогаш нема да стане земја членка на ЕУ“, а шест отсто изјавиле дека не знаат.
by MIA | 02.Сеп 2025 | Europe in brief
Во свет на војни, безбедносни закани и економски шокови, Европската Унија и Западен Балкан имаат потреба еден од друг повеќе од кога било досега. Нашата стабилност е европска стабилност. Нашиот напредок е европски напредок, нагласи Муцунски.
by MIA | 01.Сеп 2025 | Europe in brief
Одобрени се 2,3 милиони евра како неповратна помош и 2 милиони евра како заем кои ќе бидат достапни преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, како и 3,7 милиони евра што го претставува преостанатиот дел од заемот наменет за директна буџетска поддршка.
by MIA | 04.Авг 2025 | Europe in brief
Легитимно прашање е дали и колку денешнава Европска Унија, односно нејзините највисоки претставници се во дослух со идеалите на своите идејни творци и основачи. Чинам дека сеништата или сенките на старата Европа како да не се далечно минато или како да осамнуваат неочекувано. Се покажа дека ЕУ не е имуна на кризата на лидерството и на демократскиот дефицит, вели Сиљановска-Давкова.
by MIA | 28.Јул 2025 | Europe in brief
Минатата година државата потпиша Договор за партнерство за безбедност и одбрана со Европската Унија, со што е прва земја од регионот на Западен Балкан што воспоставува вакво партнерство со ЕУ. Договорот меѓу Северна Македонија и ЕУ во Брисел го потпишаа министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.