by MIA | 24.Јун 2025 | Europe in brief
ЕУ мора да остане обединета со своите соседи во предизвикувачкиот геополитички пејзаж со кој се соочуваме. Северна Македонија припаѓа во ЕУ. По 20 години преговори, мора да го одржиме моменталниот добар моментум за понатамошно унапредување на процесот на проширување, додаде Вајц
by MIA | 23.Јун 2025 | Europe in brief
Јас успеав да контактирам со сите од Брисел и мислам дека успеавме некако да го амортизираме оној удар, кој што повторно некој сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет и јазик, доформулирајќи го, дообјаснувајќи го со модерен или сегашен, само да се обидат да креираат некоја нова нација, а со тоа да го нарушат и кредибилитетот на самата ЕУ, рече Мицкоски.
by MIA | 23.Јун 2025 | Europe in brief
Со премиерот Христијан Мицкоски разговарав за понатамошната динамика на европскиот пат на Северна Македонија, за претстојниот Извештај на Европскиот парламент за напредокот и состојбата во Југоисточна Европа. Хрватска ќе продолжи силно да ја поддржува Северна Македонија, која заслужува членство во ЕУ, наведе Пленковиќ.
by MIA | 20.Јун 2025 | Europe in brief
Деновиве добивам информации за повторни жестоки политички притисоци од страна на бугарските европратеници и бугарската Влада дека ако тој извештај биде изгласан тоа можело да ги радикализира проруските струи против сегашната проевропска Влада на Бугарија. Тоа доволно ви дава одговор во каква состојба е една членка на ЕУ и кој во суштина го попречува евроинтегративниот процес, нагласи Мицкоски.
by MIA | 18.Јун 2025 | Europe in brief
И сега со нашето претстојно претседателство со ЕУ морам да ви кажам дека ние не можеме самостојно ова да го туркаме, ние сме тука конструктивно да работиме со вас, со Северна Македонија за да можеме заднички да видиме каде можеме да постигнеме напредок, во кои делови можеме да го оствариме напредокот, истакна данската министерка.