by MIA | 18.Дек 2024 | Europe in brief
Од разговорот (со Кошта) разбрав дека во текот на овие години имаше многу процеси за Северна Македонија во Брисел, во нашите партнерски земји во НАТО, без учество на Бугарија, и се изгуби многу време. Едноставно бев изненаден од објаснувањата што требаше да ги дадам. Мораме да формираме влада и да застанеме многу цврсто на својот став, изјави Борисов пред новинарите во бугарскиот парламентот.
by MIA | 17.Дек 2024 | Europe in brief
Секако, неопходно е да се почитува она што Северна Македонија го оствари и мислам дека е многу важно да се постигне зајакнување на довербата меѓу Северна Македонија и нејзините соседи, особено Бугарија. Мора да работиме за да обезбедиме дека Северна Македонија целосно да ги исполни своите обврски, кои се предуслов Северна Македонија формално да ги отвори преговорите. Имам голема почит кон напорите што Северна Македонија ги направи во минатото за надминување на пречките, особено со Грција. Тоа е земја кој дури го промени своето име за да ги надмине овие пречки, нагласи Кошта во одговор на прашање на МИА.
by MIA | 13.Дек 2024 | Europe in brief
Процесот на проширување е врвен приоритет на Европската Унија. Правиме напори да заврши процесот на реформи во Северна Македонија и што побргу да се постигне целта, земјата да стане членка на ЕУ, изјави денеска шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Михалис Рокас.
by MIA | 13.Дек 2024 | Europe in brief
Последниот политичар којшто беше чесен во однос на процесот и овие другиве коишто се нечесни беше исправен е Жан Клод Јункер којшто беше претседател на ЕК. Тој беше доволно чесен да ни каже на сите дека проширување нема да има, вели Николоски.
by MIA | 12.Дек 2024 | Europe in brief
Со оглед на природната миграција во балканските земји, особено кон оние кои се во ЕУ, имаме интерес и за склучување на билатерален договор со Словенија за посредување за вработување, што би се одвивало помеѓу двете национални агенции за вработување. Целта ни е да се овозможи поедноставена процедура на вработување помеѓу двете земји, со истовремена заштита на работниците и нивните права при вршењето на привремената работа, нагласи Дурмиши.