by MIA | 07.Окт 2024 | Europe in brief
Во однос на нашите европски аспирации, ја потврдивме заедничката визија дека иднината на регионот е Европската Унија. Знаеме дека патот до таму не е лесен, но веруваме дека со заеднички напори и поддршка можеме да ги исполниме критериумите и да ги донесеме придобивките од европската интеграција на граѓаните во регионот, рече Мицкоски.
by MIA | 04.Сеп 2024 | Europe in brief
Скопје – Делегацијата на ЕУ во Скопје објави дека новиот евроамбасадор, грчкиот дипломат Михалис Рокас денеска пристигнал во земјава. – Денес му посакуваме добредојде на новиот амбасадор на ЕУ во Северна Македонија, Михалис Рокас, стои на фејсбук профилот...
by MIA | 02.Авг 2024 | Europe in brief
Не сакам ни да помислам да го користам зборот „оружје“ во време кога се војува во светот и умираат луѓе. Треба да сме обединети кон заедничките цели, и со Атина и со Софија, како и со сите други земји и од потесниот и од поширокиот регион. Верувам дека има многу повеќе прашања што можат да не обединат отколку прашања што треба да не делат, нагласи Муцунски, додавајќи дека отворените политички прашања треба да се решаваат со меѓусебно почитување и дијалог.
by MIA | 17.Јул 2024 | Europe in brief
Договорот од Преспа имаше други слабости, но членот од Договорот од Преспа што се однесува на името, ерга омнес, името Република Северна Македонија за севкупна употреба, не е подложен на никакво оспорување или правно толкување. Тоа е името на земјата и никој не може да ја нарекува со друго име. Ова е нешто што апсолутно јасно му го ставив на знаење на премиерот на Северна Македонија за време на Самитот на НАТО дека се наоѓа на таа маса токму затоа што е потпишан Договорот кој во моментов не го почитува, рече Мицотакис
by MIA | 10.Јул 2024 | Europe in brief
Лидерите на владите на 27 земји-членки на Европската Унија после европските избори покажаа заложба дека нивната стратешка визија последните пет години ќе биде процесот на проширување, така што можам да кажам дека процесот на проширување останува како врвен приоритет, рече Гир, додавајќи дека не гледа промена и за следната структура на европските инстутиции.