by MIA | 07.Ное 2025 | Europe in brief
Договорот за изградба и оперативност на железничкиот тунел на Коридор 8, вчера во Ѓуешево го потпишаа македонскиот заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и заменик претседателот на Владата и министер за транспорт и врски на Република Бугарија, Гроздан Караџов.
by MIA | 06.Ное 2025 | Europe in brief
Кога ќе се анализира состојбата на државите кој е спремен, кој не е спремен, објективна оценка е дека Црна Гора е прва, второто место сме ние и Србија, па потоа доаѓаат Албанија, БиХ, Косово, од земјите во регионот, рече Мицкоски.
by MIA | 06.Ное 2025 | Europe in brief
Не е до толку дека македонската држава не напредувала, има напредок, но оценката е премногу генерална, премногу општа. Секако, не може да се каже дека Северна Македонија напреднала толку колку и Црна Гора, но заслужува да се каже јасно и гласно дека има напредок, потенцира Јовева.
by MIA | 04.Ное 2025 | Europe in brief
Европската комисија посочува и дека земјата изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени, вклучително и за вклучување во Уставот на граѓани кои живеат во нив, а се дел од други народи, како што се Бугарите, согласно заклучоците од јули 2022 година, кои се обврзала да ги започне.
by MIA | 04.Ное 2025 | Europe in brief
Ние сме дел од европскиот континент и веруваме дека интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ претставува додадена вредност за самата ЕУ, а тоа значи еден вид реобединување на европски континент и мислам дека иднината на мојата земја и иднината на мојот народ, Македонците, е во Европската Унија. Затоа, и покрај сите овие понижувања и разочарувања и покрај сегашната фрустрација на нашите граѓани, се уште ги споделуваме истите вредности, истакна Мицкоски.