Фон дер Лајен: Иднината на Украина, Молдавија и Западниот Балкан е во нашата Унија
За да овозможиме да се случи следното обединување на Европа ги доближуваме идните земји членки до нашата Унија, рече Фон дер Лајен.
За да овозможиме да се случи следното обединување на Европа ги доближуваме идните земји членки до нашата Унија, рече Фон дер Лајен.
ЕУ сака да си ја врати глобалната економска предност со нова стратегија за поттикнување иновации, намалување на бирократските формалности и засилување на еколошки чистата индустрија. Но, паралелно со напорите на Брисел за економски раст, климатските активисти предупредуваат дека ова може да ги разниша заложбите на Европа за заштита на животната средина.
Новата Европска комисија ја започна првата недела од петгодишниот мандат кој трае до 2029. Од геополитички тензии до внатрешни предизвици како што се економската слабост, падот на конкурентноста и борбата против нелегалната имиграција – новото лидерство на ЕУ има тежок пат пред себе.
Битно е дека нашите аргументи, дека уставните измени не треба да служат само за отпочнување на преговорите, туку дека после отворањето на преговорите процесот не треба да се билателизира до затворање, е клучниот аргумент кој што во Брисел сериозно се сфаќа и ова не е само наше барање, рече Муртезани.
Речиси сме таму, треба да поминат уставните промени на кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи. Со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили ќе се здружат во земјата и ќе направат потребните заеднички чекори за напредок и уверена сум исто како и вас дека можеме да ги надминеме пречките кои постојат, рече Фон дер Лајен.