by MIA | 25.Сеп 2025 | Europe in brief
Сметаме дека ова нешто треба да биде приоритет, непосредно после локалните избори, имајќи во предвид дека силно и брзо чекорат напред соседите Албанија и Црна Гора, има позитивни сигнали од земјите членки на ЕУ дека има волја за проширување заклучно со 2030 година и не треба да го пропуштиме. И затоа сметаме дека Собранието треба да ја започне, после соодветни припреми постапката за измени на Уставот, да се достигне до фаза на прзо гласање најдоцна до 15 декември 2025 година, изјави Филипче.
by MIA | 26.Јун 2025 | Europe in brief
Што се однесува до вклучувањето на Бугарите во преамбулата на нашиот Устав, тоа е прашање за коешто треба поширок политички консензус и двотретинско мнозинство во Собранието. Сѐ додека немаме широк политички консензус и двотретинско мнозинство во Собранието, а пред тоа треба сите тие наши грижи или барања да бидат ставени на маса, и разговарани, нема да има политички простор да направиме чекор напред, рече Муртезани.
by MIA | 30.Апр 2025 | Europe in brief
Тилев вели дека земјава не смее да си дозволи да остане надвор од процесот година до година и пол, додека Кржаловски во поглед на уставните измени не очекува ништо да се случи на овој план пред завршувањето на локалните избори во октомври.
by MIA | 17.Апр 2025 | Europe in brief
Тоа што ние треба да го направиме е посветено секој ден да работиме на имплементација на реформите, бидејќи само така даваме сигнал дека сме сериозно заинтересирани, но и цело време да инсистираме за наоѓање брзо решение за да го искористиме моментот. Гледаме колку брзо се движи Албанија. Тоа што се случува со Албанија кај нас може да биде дури и трипати побрза динамиката на одење напред, истакна Муртезани.
by MIA | 16.Апр 2025 | Europe in brief
Кос изрази надеж дека наскоро ќе се најде решение за деблокада на пристапниот процес на Северна Македонија и дека откако ќе се случи тоа ќе може без никакви нови услови да започнат преговорите по кластери.