
Муртезани: Уставни измени ќе се реализираат кога ќе се знае крајот на пристапниот процес
Во моментот кога ние ќе видиме дека процесот е обезбеден, уставните измени може да почнат да се имплементираат, изјави Орхан Муртезани
Во моментот кога ние ќе видиме дека процесот е обезбеден, уставните измени може да почнат да се имплементираат, изјави Орхан Муртезани
Рокас потсети дека за време на посетата на Скопје минатиот месец, претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен упати јасна порака дека „имаме јасна цел Кластерот „Основни вредности“ да се отвори што е можно побрзо“.
За да почне процесот на уставните измени потребно е она што ние го предлагаме да биде прифатено, а тоа е кога бугарскиот Парламент ќе го рафитикува Пристапниот договор на нашата земја во рамките на Европската унија, да важат тие уставни измени. Мислам дека е тоа фер решение за сите. Друг тип на уставни измени додека сум јас премиер нема да има, ултиматуми и диктати нема да прифаќам, рече Мицкоски.
Според него, сакаме напред по европскиот пат, но сакаме и пристап којшто не штити нас, а ја штити и ЕУ.
Ќе продолжиме да ги решаваме проблемите дома, но ќе се бориме надвор со сите сили, кои ги имаме на располагање, врз основа на Копенхагеншките критериуми, врз основа на вистинските вредности на ЕУ, а тоа не се ултиматуми и диктати, туку разговор, конструктивен дијалог, кој што ќе биде основа за изнаоѓање трајно и долгорочно решение со кое нема едните да бидат понижени, туку напротив сите задно ќе се бориме за одбрана на овие вистински европски врендости, истакна премиерот.