Муртезани: Без уставни измени не може да се одблокира пристапот во ЕУ

Муртезани: Без уставни измени не може да се одблокира пристапот во ЕУ

Мислам дека како што и амбасадорот на Европската делегација и сите амбасадори од нашите стратешки партнери на неколку наврати имаат посочено дека тоа е сериозен чекор, односно сериозна пречка пред нас која што ние треба да се нафатиме и залагаме да го решиме колку што е можно побрзо. Како што знаете, ние во предизборната кампања, зборувам сега како коалиција „Вреди“, нагласивме дека тоа е еден од клучните приоритети, а исто така тоа е влезено и во Програмата на Владата како приоритет, рече Муртезани.

Писонеро: ЕУ ќе соработува со Владата на Мицкоски за напредок во реформите, но таа мора да ги спроведе и обврските  

Писонеро: ЕУ ќе соработува со Владата на Мицкоски за напредок во реформите, но таа мора да ги спроведе и обврските  

Мислам дека пораката е многу јасна, Северна Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат. Мислам дека сите сте крајно свесни за тоа што Европскиот совет јасно го кажа дека го очекува од Северна Македонија, а тоа секако се однесува и на уставните амандмани за кои Северна Македонија се обврза да ги спроведе за да може да продолжи по својот ЕУ пат, истакна Писонеро

Гир: Уставните измени се прашање кое новата влада ќе мора да го реши

Гир: Уставните измени се прашање кое новата влада ќе мора да го реши

Дел од тој договор беше дека ќе има промени на Уставот, за вклучување на луѓето кои се идентификуваат како Бугари под заштитата на самиот Устав. Тоа не е променето, се уште е таква ситуацијата. Значи, тоа ќе биде прашање кое новата Влада ќе мора да го реши, директно, рече Гир. 

Белгиско МНР: Проектот со кој раководи Хојте е за олеснување на дискусиите за заокружување на почетната фаза од преговорите за членство во ЕУ

Белгиско МНР: Проектот со кој раководи Хојте е за олеснување на дискусиите за заокружување на почетната фаза од преговорите за членство во ЕУ

Овој проект има за цел да поттикне култура на компромис меѓу политичките партии и да се овозможат решенија, а со тоа и да се придонесе кон локализација на прашањето, изјави Јорден во врска со информациите објавени во некои македонски медиуми дека поранешниот европратеник Петер Ванхојте на иницијатива на белгиското претседателство со ЕУ „добил мандат да биде медијатор олеснувач на бугарско-македонскиот спор“.

Ковачевски за МИА: Имаме јасен план за државата, која ќе го продолжи својот процес на евроинтеграција

Ковачевски за МИА: Имаме јасен план за државата, која ќе го продолжи својот процес на евроинтеграција

Кога ќе соберат храброст во секој момент можат да се јават во СДСМ и кај мене да одиме во Собрание и да ги изгласаме уставните измени… Кога ќе соберат храброст за тоа нека се јават, сакаат пред избори, сакат по избори, сакаат ден на избори, сакаат во 12 напладне, сакаат во 12 навечер, сакаат во 3 попладне, сакаат во 3 сабајле ние сме подготвени да ги донесеме потребните одлуки за иднината на државата, вели Ковачевски.