Скопје – Народната банка на Република Северна Македонија постојано работи на усвојување на најдобрите европски практики и стандарди со што сѐ повеќе се приближува до Европскиот систем на централни банки, порача гувернерката на НБРСМ, Анита Ангеловска-Бежоска на средба со италијанскиот амбасадор во Скопје, Паоло Палминтери.

Таа посочи дека имајќи го предвид високиот степен на усогласеност на напата правната рамка со европската, се очекува позитивна оцена за поднесеното барање за членство на Северна Македонија во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) и нејзин скорешен прием.

На средбата, стана збор и за системот за инстант плаќања којшто централната банка на Италија го развива за земјите од Западен Балкан, кој овозможува извршување на домашните плаќања во кое било време од денот во текот на годината во секоја од земјите, како и на нивните меѓусебни плаќања и на плаќањата со државите од ЕУ.

Ангеловска-Бежоска и Палминтери разговараа и за билатералната соработка на централните банки на двете земји во рамки на втората фаза од Регионалната програма за зајакнување на капацитетите на централните банки на Западниот Балкан, која е финансирана од Европската Унија. (7 феверуари)

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.