Have the article read by OpenAI (Beta). Please note that AI translations may take some time to process.

Скопје – Процесот на пристапување во Европската Унија треба да биде објективен и да се заснова на мерит критериуми. Република Северна Македонија е земја-кандидат од 2005 година и верувам дека вистинското место на земјата веќе требаше да биде ЕУ. Се надевам дека постоечкиот билатерален спор со Бугарија ќе биде надминат што е можно поскоро, а Унгарија им стои на располагање на двете страни за да помогне во тоа, изјави денеска министерот за европски прашања на Унгарија, Јанош Бока, кој е во посета на Скопје.

Тој ова го изјави одговарајќи на новинарско прашање за евроинтегративниот процес на земјава, во смисла на уставните измени и барањето на Скопје за гаранција дека тие се последниот услов, кој би го поставила Софија. 

Во врска со предупредувањата на Лондон дека останувањето надвор од ЕУ може да доведе до дестабилизација на регионот на Западен Балкан, Бока истакна дека верува оти и за Обединетото Кралство и за Унијата од највисок интерес е стабилноста на регионот и додаде дека верува дека ЕУ ги презема сите чекори кои и се располагање за стабилноста на регионот. 

– Унгарија и како членка на ЕУ и за време на нашето претседателство работи во насока на реактуелизирање на процесот на интеграција на Западен Балкан, на зајакнување на европерспективата на регионот, бидејќи тоа е најдобрата гаранција за стабилноста, рече Бока пред да земе учество на отвореното предавање на Универзитетот во Скопје, на кое присуствува и заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков.

Бока ја потенцира одличната соработка со македонската Влада, како и големата поддршка која Унгарија и да дава на земјата на нејзиниот европски пат. И натаму, додаде тој, Унгарија ќе ја пружи сета помош, како и насоки за да помогне во процесот на евроинтеграција. (10 април 2025) 

MIA е одговорна за уредувањето за оваа публикација.